Friday, November 24, 2006

Џус или кисела?


Треба да ги спрема седниците на владата. Да го претура џусо(т) од тетрапак во кристални шишиња. Да ги реди киселите води на средина на масата и да ги поставува чашите околу нив. Баш како на старските свадби од пред 20 години. И за тоа треба да зема 10.000 денари!?!
И сега народот околу овој случај е пола/пола.
Првата половина викаат: „-Бравос, така треба да се грижиме за сопругите на бранителите. Така треба да им се помага. Оваа држава тоа им го должи“... И уште еден куп аргументи ви сличен манир и слични лексики, семантики и семиотики.
Другите пак: „-Како не им е страм. Зарем вака ќе вработуваа професионалци. Па зошто и жените на другите бранители не се вработени“. Па ово, оно и пак слични
аргументи, лексики, семантики и семиотики.
Важно ги има и на едната и на другата страна. И право да ви кажам како ги читаш се некако ти изгледаат исправно и аргументите на првите, а и на вториве... Како да се со исти, а не спротивни ставови.
А Госпоѓата Тарчуловска мене лично со овај потег ми изгледа деградирана. Од пејачка односно сценски уметник е деградирана во келнерка односно курирка(доколку треба да ги распределува печатените матерјали потребни за работа во владата). Е сега уметник си е уметник (без разлика на проблематичната артистичка профилација), келнер си е келнер а курир е курир - без разлика каде работеле.
А што мисли за ова господинот Тарчуловски? Човекот кој во најтешкото имал и водел одбор момчиња. Човекот кој голем процент на граѓаните на оваа држава (во недостаток на подобар) го доживуваат како херој и бранител.
Да сум јас на негово место би плукнал на оваа понуда и би ја замолил сопругата да не оди да работи во влада. Ова го мислам затоа што имам впечаток дека Македонците на фамилијата Тарчуловски им должи многу повеќе...

6 comments:

Anonymous said...

Што им должи? Зошто?

Anonymous said...

Му должат СДСМ-овците и Мистер батлер што го пикнаа таму во шевенинген и него и Љубе а не македонците. Имаат право овие двајца што те прашуват.

алекса ангелов said...

Офтопик ќе бидам, извини за тоа. Сакам да те прашам, како иде со адсенс “бизнисов“, гледам дека се пофали на некој блог...
Легално ти иде све, или мењаш IP адреси и кликаш сам ;)...Како ти се процентите? Колку посети просечно имаш?...ако не е тајна нормално. :) Поздрав...

objavi said...

Види вака.
Чоекот имаше ваква-таква единица под команда и одеше онаму каде што го праќаа да заврши поставена задача. Нигде не појде сам - секогаш го праќаа. Го правеше она што сите Македонци сакаа да биде направено - да се „исчистат“ терористите и соодветно да се казнат нивните јатаци и поддржувачи. Е сега, многу Македонци се кријеа за да не ги регрутираат и многу други симулираа лудило за ТИЕ да не бидат пратени. Значи Македонците му должат и него и сега откако е во затвор и на неговата фамилија. Тоа би било моето објаснување.

objavi said...

бетАДВАЈС - НАЈ ЛЕГАЛНО БАТКА... ОД ТРАФИКОТ ШТО ГО НАВРТУВАМ ОД ДРУГИВЕ БЛОГОЈ.
Просек - 100-150 посети дневно со околу 15 до 20 клика. Во просек 1 долар дневно...
Није пуно, ал човека весели. :-)

алекса ангелов said...

Ја имам просечно 140 посети дневно, али многу многу помалку од 15-20 клика, кај мене се максимум 5 дневно... Рекорд ми е 4.5$ за еден ден:). Просечно, заработувам меѓу 50c и 1$....и така..поздрав!