Monday, December 03, 2007

Муфасааааа...

И така Муфаса го учеше малиот Симба:

- Симба! Треба да ги почитуваш сите животни, затоа што сите сме битни во големиот круг на животот.

- Но тато, зарем да ги почитуваме и антилопите, па нели ги јадиме, го праша Симба.

- Да Симба ние ги јадиме Антилопите, но кога ние ќе умреме, нашите тела стануваат трева, која ја јадат антилопите. И така се затвара големиот круг на животот.

Е сега дека и антилопите се сложуваат со оваа филозофија мене не ми е верно ама така малите деца ги лажат и им го представуваат суровиот свет посветол и подобар…

Затоа драги мои, кога политичарите ќе ви кажуваат приказни за мали деца и ќе ви прераскажуваат дизниеви филмови, запрашајте се: Дали умот ни е поголем од мозочето на малиот Симба.

Дали стварно и тие патат од оваа ебана 15 годишна транзиција, дали и нивните деца страдаат, дали и тие не се појдени на годишен одмор 10-15 години, дали… дали…