Monday, December 03, 2007

Муфасааааа...

И така Муфаса го учеше малиот Симба:

- Симба! Треба да ги почитуваш сите животни, затоа што сите сме битни во големиот круг на животот.

- Но тато, зарем да ги почитуваме и антилопите, па нели ги јадиме, го праша Симба.

- Да Симба ние ги јадиме Антилопите, но кога ние ќе умреме, нашите тела стануваат трева, која ја јадат антилопите. И така се затвара големиот круг на животот.

Е сега дека и антилопите се сложуваат со оваа филозофија мене не ми е верно ама така малите деца ги лажат и им го представуваат суровиот свет посветол и подобар…

Затоа драги мои, кога политичарите ќе ви кажуваат приказни за мали деца и ќе ви прераскажуваат дизниеви филмови, запрашајте се: Дали умот ни е поголем од мозочето на малиот Симба.

Дали стварно и тие патат од оваа ебана 15 годишна транзиција, дали и нивните деца страдаат, дали и тие не се појдени на годишен одмор 10-15 години, дали… дали…

Tuesday, October 09, 2007

Т-Мобиле, Космофон, ВИП

Шо да ви кажам БЕ!!!

Еве сега си имате избор и ако сте паметни - ај направете паметен избор.
Имате 3 избори па вие фатете се за најдолгио или за најефтиното, кој како сака.
Ама пред да го направите изборот, подсетете се кој ве дереше во последниве 5-6 години.
Кој ги спушти цените кога беше присилен од конкуренција и кој цело време не брстел колку шо можи и неможи.
ВИП си дојде, си направи убава кампања, и покажа дека може да биде сериозна конкуренција и закана за постоечките. Другите го начекаја на ножот што НИЕ го остревме во последниве 6-7 години.
Јас му посакав добредојде со купување на една картичка...
А вие ако не сте на пост пејд... КАЗНЕТЕ ГИ!!!