Monday, December 18, 2006

Маркетинг (со сите салтанати)

1. Одиш на забава и глеаш јака женска и и викаш, „Женска многу ме бива во кревет“.
Е тоа е Директен маркетинг.

2. Одиш на забава и глеаш јака женска. Некое твое пријателче и се приближува и за тебе и вели „Оној онаму е многу јак во кревет“.
Тоа е рекламирање или ко шо велат сега - Адвертајзинг.

3. Одиш на забава и глеаш јака женска
. Се замуабетуваш и Таа ти го дава телефончето за да се слушните. Следниот ден и се јавуваш и на телефон и велиш „Женска многу ме бива во кревет“
Тоа е Телемаркетинг.

4.
Одиш на забава и глеаш јака женска. Се замуабетуваш со неа, и дотураш пијалак, и припалуваш цигара, и го носиш палтото кога одлучува да си оди, викаш такси и и викаш „Иначе сум фантастичен во кревет“.
Тоа е односи со јавност или Паблик Рилејшн.

5. На забава глеаш мноогу јака женска. И пријдуваш и Таа ти вика „Ееееее ти си Винету? Слушнав дека си бил многу јак во кревет“.
Е тоа е изграден бренд или ко шо вела кај нас во село Бренд рекогнишн.

Tuesday, December 12, 2006

Милијарда долари

Ееее што?

Циле?

Не!!! Денес нема да го спомнуваме Циле. Барем не повеќе од 2-3 пати и ветувам дека нема да биде главна фаца во текстов.
Денес седев онака и му ја мислев за странски директни инвестиции (Има индиректни или само странски?). Дали има терминолошки хаос или ние не гледаме различни врсти на странски инвестиции кај нас.
Што се на пример донациите кои преку најразлични фондации се слеваат во невладиниот сектор? Дали се тоа оние индиректните? И колкава е таа сума за последниве петнаесетина години од почетокот на плурализмот до денес?
Јас слободно и прв ќе плеснам сума! Се кладам на $1.000.000.000.
Да... Една милијарда долари во последниве 15 години или 66.666.666 долари годишно.
Распоредени стратешки секаде. Дадени да се потрошат на се.
И што е направено? Каде е МИЉАРДАТАААА!!! Циле, кажи нешто бе брат?
Милијардата е потрошена на се освем на економски проекти.
Потрошена е на автомобили и џипови; на канцеларии и станови; на ИТ и канцелариска опрема; на хонорари и патувања; на плати и трошоци, на факинг маркетинг анд консалтинг.
Се јаде и се пие веќе 15 години на туѓа сметка. Се живее како во најдобрите денови на Социјализмот и Самоуправувањето.
Само едно ме мачи? Секоја инвестиција ако е добра треба да се исплати и да покажи профит. Секој инвеститор си го бара профитот. Ако не оваа, тогаш следната година - сигурно. Ако не оваа деценија, следната...
Кој го плаќа или ќе го плаќа профитот од овие инвестиции?

Friday, December 08, 2006

БЛОГЕРАЈ

Како да пишувам и да бидам активен на Блогерајот, кога од пред 2-3 месеци, дечките од ww.blog.com.mk, почнаа да прават некои измени во сервисов, промовираа некои сигурносни глупости поради 2-3 неинформисани личности на кои некој му ја зел шифрата или му го хакирал блого (шо е ова па сега?) и мене лично ми предизвикаа еден куп проблеми.
Прво - треба да се логирам на некој си долг УРЛ, со незнам какви метании.
Второ - пишувам пост и тој пост нигде го нема. Ниту во нови постови, ниту пак ако некој ми коментира го има во нови коментари. Знам дека сега некој ќе ми речи дека нешто кирилица/латиница или не си го постирал како шо треба или што знам како. Се консултирав и со други блогери, никој не знае што е проблемот. Пишав и до ВебМастеро и тој даде некое кратко објаснување што не ми врши работа.
Трето - Почнав со АдСенс и моите постови почнав да ги постирам на блогер каде што наместив АдСенс, а на Блогерајот наш(ДА! сеуште го сваќам како мој) го ставав само првиот пасус. Можеби и тоа е една од причините за тажно/бедната поддршка што ВебМастеро ми ја даде.
Четврто - Си кажав мислење за се и сешто па и за ОнНет и веднаш повторно проблеми со логинот и со промоцијата на мојот блог...

Така да мое мислење е дека на блогов како сервис му треба еден малку појак тим да го одржува и секогаш да се бори за упростување на начинот на постирање како и на одржување. Иначе сметам дека е еден од најдобрите блог сервиси во светот. А вакви комплименти не давам лесно, така да очекувам да ме сватите дека сум искрен.

ХАУГ

Sunday, November 26, 2006

Трамвајот наречен Трифун

Светот е полн со чудесии...
Светот е прекрасно место. Светот е место каде што секогаш можеме да се изненадиме.
За мене (на пример) едно од најголемите чуда и енигма-парекселанс, ми било чудото наречено Трифун и неколкуте чуда слични на него.
Мене, најдраги мои читателки и не толку драги читатели, од време на време ме преокупира енигмата околу која се вртат имињата „Технометал-Вардар“, Трифун, Ристо и уште неколку други...
Енигма за мене е следново прашање, кое досега за жал не било одговорено иако сум го поставувал во друштво на: Скопски фаци, блиски до влада, урбани типови, економисти, играчи, експерти, стручњаци, Македонисти и Русисти, класичари и алтернативци и се разбира балисти...
Елем - Прашањето е:
Како ТЕХНОМЕТАЛ ВАРДАР - ПРОПАДНА, а типците што работеа во него, некаде во исто време енормно се збогатија???
Одговорот на ова прашање никогаш не ми бил даден. Сум морал сам да го мислам и да составувам впечаток од оние неколку информации што сум успеал да ги приберам од најразлични страни.
Значи...
Можеш да се збогатиш ако:
- Користиш ресурси на фирма (стан, плата, канцеларија, патувања, деловни контакти, представништва!), а работиш за себе;
- Не те интересира што горе споменатата фирма (г.с.ф.) може за кратко време да стани мултинационалка со обрт од десетици милијарди долари (ЕКИ?);
- Не те интересира што г.с. фирма може самата да го врати Македонскиот странски долг;
- Не те интересира што г.с.ф. можела да вработи десетици илјади млади високообразовани кадри во својата централа како и во претставништвата во светот;
- Не те интересира што имиџот на сопствената држава би бил енормно поголем, доколку не си ги правел своите алашвериши;
- Не и даваш отпор на политичката елита, која ја уништува економијата, се додека те оставаат на мира и
- Со мал дел од парите изиграваш доброчинител, за да можеш уште повеќе да се збогатуваш.
---------------------------------------------------------------------------------------
Деведесеттите години беа вистинскиот момент, фирмите од бивша Југославија, кои на некој начин беа економски мост помеѓу истокот и западот, да ги зголемат своите активности за десетици па и стотина пати. Тоа не се случи поради некои тесни, партиски и лични интереси. Повеќето од тие фирми денес се само бледа слика или костур на она што некогаш беа. Историската шанса што пред нив се постави не била искористена, а можеби ни препознаена.

ХАУГ

Friday, November 24, 2006

Џус или кисела?


Треба да ги спрема седниците на владата. Да го претура џусо(т) од тетрапак во кристални шишиња. Да ги реди киселите води на средина на масата и да ги поставува чашите околу нив. Баш како на старските свадби од пред 20 години. И за тоа треба да зема 10.000 денари!?!
И сега народот околу овој случај е пола/пола.
Првата половина викаат: „-Бравос, така треба да се грижиме за сопругите на бранителите. Така треба да им се помага. Оваа држава тоа им го должи“... И уште еден куп аргументи ви сличен манир и слични лексики, семантики и семиотики.
Другите пак: „-Како не им е страм. Зарем вака ќе вработуваа професионалци. Па зошто и жените на другите бранители не се вработени“. Па ово, оно и пак слични
аргументи, лексики, семантики и семиотики.
Важно ги има и на едната и на другата страна. И право да ви кажам како ги читаш се некако ти изгледаат исправно и аргументите на првите, а и на вториве... Како да се со исти, а не спротивни ставови.
А Госпоѓата Тарчуловска мене лично со овај потег ми изгледа деградирана. Од пејачка односно сценски уметник е деградирана во келнерка односно курирка(доколку треба да ги распределува печатените матерјали потребни за работа во владата). Е сега уметник си е уметник (без разлика на проблематичната артистичка профилација), келнер си е келнер а курир е курир - без разлика каде работеле.
А што мисли за ова господинот Тарчуловски? Човекот кој во најтешкото имал и водел одбор момчиња. Човекот кој голем процент на граѓаните на оваа држава (во недостаток на подобар) го доживуваат како херој и бранител.
Да сум јас на негово место би плукнал на оваа понуда и би ја замолил сопругата да не оди да работи во влада. Ова го мислам затоа што имам впечаток дека Македонците на фамилијата Тарчуловски им должи многу повеќе...

Saturday, November 18, 2006

Полиција

Полицаец немам видено со месеци. Полицајци ми недостасуваат. Полицајци сакам да видам во моето маало, во мојата населба, во трговскиот центар кој е во моја близина. Сакам да ги видам на улиците на градов.
Полицајците ми требаат како насушен леб. Ми требаат за да ги предупредат децата, пред влезот на мојата зграда, дека петардите се опасни, да дискутираат со нивните родители и да ги уапсат оние што ги продаваат. Ми требаат за да ги запрат и казнат(уапсат) оние мали(и малку повозрасни) лигуши кои мислат дека треба во 2 часот на вечер(на сабајле) да ги јачат колите баш под собите на нашите деца и возат со огромни брзини на секоја и малку поправа улица. Да напишат казна на секоја кола која е паркирана на тревниците и да поразговараат со нас за безбедноста во нашата зграда и населба.
Ми треба оној полицаец кој порано беше дел од живата слика на уличките и населбите во некој замислен реон. Тој полицаец кој ги знаеше сите деца, знаеше кој се нашите родители и кој понекогаш служеше за заплашување кога не сакавме да јадеме или да појдиме да спијаме. Кој секогаш кога ќе се случеше некоја кражба или вандализам, знаеше кој може да биде кабаетчијата.
Сега полицајците ги нема. Не знам каде се и не знам за што се користат. Не знам дали и воопшто одат на работа или си седат дома. Можеби кога ќе се појават на работа ги ставаат во некаква капсула во која што не течи време и ги вадат по 8 часа, кога треба да заминат дома. Можеби на овој начин рокот на траење на полицијата ќе се зголеми за една третина.
Стварно не знам.
Стварно, каде е полицијата?

Wednesday, November 15, 2006

ВИНЕТУ - Јас, почеток на независното новинарство

Дали се новинарите независни?
Дали не зависат од своите уредници, од сопствениците на медиумите, од политичките партии на чиј платен список се наоѓаат? Од најразличните фондации кои као го подржуваат независното новинарство и поттикнуваат независност на медиумите.
Дали се анонимни?
Анонимноста е слобода. Анонимноста ни овозможува да сурфаме online или offline, без некој да интерферира со нас, поради нашите ставови, убедувања или нашите системи на вредност.
Дали новинарите-блогери треба да бидат анонимни или да се потпишуваат со име и презиме?
Доколку мислат преку блогот да се етаблираат во општеството и да бидат приметени за да можат да ги заменат своите престарени offline колеги, тогаш името и презимето се подразбира. Инаку како би ги приметиле? Како би ги поканиле да бидат следни доаени на Македонското новинарство? Како би се сместиле на листите на политичките партии или во удобноста на некоја фондација или НГО?

Доколку пишувањето и критиката на општествените девјации, онака како што ги гледаме е најбитниот фактор за нашиот скрибомански ангажман, тогаш блог-сервис, кој не се наоѓа во Македонија е најдобрата солуција за тоа.
Но, нели сакаме да бидиме платени за нашиот напор? Сепак парите се двигател кој не смее да се занемари.
И за тоа постои решение.
АдСенсе!!!
Дали вашите натписи привлекуваат стотици или илјадници посети дневно? Дали вашиот блог се најдува во букмаркот на секоја трета, четврта или дваесетта личност (од Македонија) која има пристап на интернет? Дали вашите анализи, колумни или натписи, па можеби и поинакви интерпретации на дневните вести, напишани на англиски јазик привлекуваат десетици или стотици илјади читатели од цел свет?
Ако можите да се сместите во оваа група или сте доволно амбициозни за да го направите тоа, тогаш мојот совет би бил, на вашиот блог да ставите АдСенсе.
АдСенсе, на вашиот блог ќе стави реклами кои се во корелација со текстот што сте го напишале и вашите посетители можеби ке кликнат на тие реклами со цел да нарачаат некој производ, услуга или да се информираат за нешто.
Тоа вас ќе ви биде платено.
Чекот ќе стаса во вашето поштенско сандаче.
Ќе можете да бидете независен и слободен.

ХАУГ!
--------------------------------------------------------------------------------------------
Како што приметувате јас имам АдСенсе на мојот блог...

Tuesday, November 14, 2006

Студенти во Европа

Седиме така во бараките во Стив Наумов, го гледаме стаорецот (нашето несакано куќно милениче), како очајува затоа што е крај на месецот и нема што да се јади и размислуваме каде да одиме на шопинг овој месец.
Сале од ОНО прави пресметки, колку би го коштало да го посети Париз и да види како се вклопува новата стаклена пирамида во ЛУВР. Баже од ВЕТЕРИНА, планира да оди за Берлин и се надева дека ќе начека некое камче од БЕРЛИНСКИОТ ЅИД. Кире, за кој и до ден денес (после 10 години) не ми е јасно што студираше им се потсмева и ги дрибла дека студентскиот кредит и овој месец нема да се исплати, така да тој ќе се обиде да појде само на 2-3 дена до Рим и да го види КОЛОСЕУМОТ каде што се пролеала крвта на илјадници гладијатори и пута Х ѕверови...
Јас се разбира викендот како и често до сега ќе го искористам да скокнам до Грција за да се видам со мојот ментор по Неткаен Текстил и да разговарам со него за проектот во кој и јас сум вкључен заедно со студент од Финска и Исланд каде што бев минатата недела.

ОК... Доколку ви беше доста од глупости и идиотштилаци, се надевам дека ке посакате да знаете зошто Вини, овој пат се одлучил на ваков пост.

Се работи за студентско/омладинските протести кои се случија пред неколку дена.
Се протестираше поради Шенгенскиот Режим кој на нашите добростоечки студенти и младинци им оневозможува да шетаат низ Европа.
Не се протестираше за неизготвувањето на Законот за агенции за привремено вработување, со кои студентите ќе можат легално да работат part time и со тоа да си го потполнат студентскиот буџет, ниту пак за реорганизација на студентските домови кои денеска се последен бастион на СОЦИЈАЛИЗМОТ и како такви се користат за економско/политички притисок врз нив, ниту пак не дај боже против професорските династии на факултетите им. Не се протестираше ни поради фактот што мораш да купиш книга за да положиш испит, иако можеби си даунлодирал еден куп висококвалитетни материјали од интернет, ниту пак за раширеното мито и корупција која им овозможува на оние со пари и влијание и без појавување на факултет да се стекнат со звањето универзитетски граѓанин.
Не, драги мои. Тоа не се проблеми што ги мачат студентите и идните студенти. Проблемот е што не можат да појдат на горенаведените дестинации (признавам, наброени без и малку фантазија).
Еден ПУН КУРАЦ НГО-а и СС(студентски сојузи-секоја друга помисла за скратеницата е забранета), како и чики-мики организации и асоцијации се собраа, молим вас да протестираат за патување бе!!!

Абе НОРМАЛНИ ЛИ СЕ?
СЕЛОТО ГОРИ БАБАТА СЕ ЧЕШЛА!!!

Е сега кој, колку се офајди со чешлањево е друга прича ама важно 3-400 наивни младичи и девојчици, уште еднаш беше искористени за некој да покажи активност, да се додвори некому и да заглави сообраќај барем еден ден(па нели и они им го правеа тоа на ним?).

И ПАЗИ, протестите беа за студентите и младите луѓе. Ако си постар, ако работиш, ако тепаш пари, е тогаш извини ама не си за во Европа.
Тогаш седи си тука...

ХАУГ
--------------------------------------------------------------------------------------------
А јас сеуште се надевам дека ќе направам некој долар од рекламите кои се сервирани од Гугл...


Sunday, November 12, 2006

Пичвајз...(паметен ’ко праска)

Она глупавион БЛОГ не работеше 2 дена и стварно не знам, како Они мислат Ние да живееме без блог.
Друга работа е што Љубов не работеше и моравме во последен момент да бараме солуција и несреќно ја одбравме глупавата Точка, за која вработените не знаат дали е кножарница во која се служат и пијачки или е некој дериватив од угостителски објект во кој што има книги. Работеле до 10 часот???... Иначе во нивната програма прочитавме дека ќе организирале WORKSHOP за создавање и одржување на блогови... Пишурија жива. Со Пинчер се дупачевме цело време за тоа додека бевме таму. Ејјјј абе дали се нормални... Кој ќе му појде ако има повеќе од 2 грама мозок?
Иако на Љубов - Пинчер остави лифче дека сме во Точка, никој не дојде. Предпоставувам дека никој нормален блогер/ка, не се ни приближил до вратата за да го прочита. А зошто и да, кога се гледаше од 10 метри дека Љубов се реновира.
Нејсе... Од идиотскиот простор на Точка, се префрливме во Магор. Таму беше полупразно и си најдовме место. Со Рефлексии и Намерник дојде и жена ми и другарка е Марина. Со Вклучи се се договоривме да се зезаме со присуството на неблогери на блогерската средба. Рефлексии се запали, а неблогерките доста добро се снајдоја. На крајот испаднаа ѕвезди на вечерта. После појдовме во Балет. Фино место.

Ах да... Овдека постирам пошто можат да се стават адсенсе од гугл и на тој начин да се чари нешто. Па кликнете на некоја од рекламите (горе или долу), ако не ви е многу тешко.

ХАУГ!