Tuesday, November 14, 2006

Студенти во Европа

Седиме така во бараките во Стив Наумов, го гледаме стаорецот (нашето несакано куќно милениче), како очајува затоа што е крај на месецот и нема што да се јади и размислуваме каде да одиме на шопинг овој месец.
Сале од ОНО прави пресметки, колку би го коштало да го посети Париз и да види како се вклопува новата стаклена пирамида во ЛУВР. Баже од ВЕТЕРИНА, планира да оди за Берлин и се надева дека ќе начека некое камче од БЕРЛИНСКИОТ ЅИД. Кире, за кој и до ден денес (после 10 години) не ми е јасно што студираше им се потсмева и ги дрибла дека студентскиот кредит и овој месец нема да се исплати, така да тој ќе се обиде да појде само на 2-3 дена до Рим и да го види КОЛОСЕУМОТ каде што се пролеала крвта на илјадници гладијатори и пута Х ѕверови...
Јас се разбира викендот како и често до сега ќе го искористам да скокнам до Грција за да се видам со мојот ментор по Неткаен Текстил и да разговарам со него за проектот во кој и јас сум вкључен заедно со студент од Финска и Исланд каде што бев минатата недела.

ОК... Доколку ви беше доста од глупости и идиотштилаци, се надевам дека ке посакате да знаете зошто Вини, овој пат се одлучил на ваков пост.

Се работи за студентско/омладинските протести кои се случија пред неколку дена.
Се протестираше поради Шенгенскиот Режим кој на нашите добростоечки студенти и младинци им оневозможува да шетаат низ Европа.
Не се протестираше за неизготвувањето на Законот за агенции за привремено вработување, со кои студентите ќе можат легално да работат part time и со тоа да си го потполнат студентскиот буџет, ниту пак за реорганизација на студентските домови кои денеска се последен бастион на СОЦИЈАЛИЗМОТ и како такви се користат за економско/политички притисок врз нив, ниту пак не дај боже против професорските династии на факултетите им. Не се протестираше ни поради фактот што мораш да купиш книга за да положиш испит, иако можеби си даунлодирал еден куп висококвалитетни материјали од интернет, ниту пак за раширеното мито и корупција која им овозможува на оние со пари и влијание и без појавување на факултет да се стекнат со звањето универзитетски граѓанин.
Не, драги мои. Тоа не се проблеми што ги мачат студентите и идните студенти. Проблемот е што не можат да појдат на горенаведените дестинации (признавам, наброени без и малку фантазија).
Еден ПУН КУРАЦ НГО-а и СС(студентски сојузи-секоја друга помисла за скратеницата е забранета), како и чики-мики организации и асоцијации се собраа, молим вас да протестираат за патување бе!!!

Абе НОРМАЛНИ ЛИ СЕ?
СЕЛОТО ГОРИ БАБАТА СЕ ЧЕШЛА!!!

Е сега кој, колку се офајди со чешлањево е друга прича ама важно 3-400 наивни младичи и девојчици, уште еднаш беше искористени за некој да покажи активност, да се додвори некому и да заглави сообраќај барем еден ден(па нели и они им го правеа тоа на ним?).

И ПАЗИ, протестите беа за студентите и младите луѓе. Ако си постар, ако работиш, ако тепаш пари, е тогаш извини ама не си за во Европа.
Тогаш седи си тука...

ХАУГ
--------------------------------------------------------------------------------------------
А јас сеуште се надевам дека ќе направам некој долар од рекламите кои се сервирани од Гугл...


1 comment:

objavi said...

Фала чорбаџи, да ти се позлати прстето...