Sunday, November 12, 2006

Пичвајз...(паметен ’ко праска)

Она глупавион БЛОГ не работеше 2 дена и стварно не знам, како Они мислат Ние да живееме без блог.
Друга работа е што Љубов не работеше и моравме во последен момент да бараме солуција и несреќно ја одбравме глупавата Точка, за која вработените не знаат дали е кножарница во која се служат и пијачки или е некој дериватив од угостителски објект во кој што има книги. Работеле до 10 часот???... Иначе во нивната програма прочитавме дека ќе организирале WORKSHOP за создавање и одржување на блогови... Пишурија жива. Со Пинчер се дупачевме цело време за тоа додека бевме таму. Ејјјј абе дали се нормални... Кој ќе му појде ако има повеќе од 2 грама мозок?
Иако на Љубов - Пинчер остави лифче дека сме во Точка, никој не дојде. Предпоставувам дека никој нормален блогер/ка, не се ни приближил до вратата за да го прочита. А зошто и да, кога се гледаше од 10 метри дека Љубов се реновира.
Нејсе... Од идиотскиот простор на Точка, се префрливме во Магор. Таму беше полупразно и си најдовме место. Со Рефлексии и Намерник дојде и жена ми и другарка е Марина. Со Вклучи се се договоривме да се зезаме со присуството на неблогери на блогерската средба. Рефлексии се запали, а неблогерките доста добро се снајдоја. На крајот испаднаа ѕвезди на вечерта. После појдовме во Балет. Фино место.

Ах да... Овдека постирам пошто можат да се стават адсенсе од гугл и на тој начин да се чари нешто. Па кликнете на некоја од рекламите (горе или долу), ако не ви е многу тешко.

ХАУГ!

2 comments:

The Scavenger said...

Аирлија преселбата поглавицо!
Ова сеэона бледоликите солџери на Генерал Блогком не истераа од пасишта пред да падни снего. А эа шо не даваа крэна да продааме и понекое ќебенце, ич не прам пау уау!
Поэдрав.

objavi said...

Данкешен Челик, данкешен...
Абе че ги преселам сите...
Само ти глеај си сеир...