Tuesday, December 12, 2006

Милијарда долари

Ееее што?

Циле?

Не!!! Денес нема да го спомнуваме Циле. Барем не повеќе од 2-3 пати и ветувам дека нема да биде главна фаца во текстов.
Денес седев онака и му ја мислев за странски директни инвестиции (Има индиректни или само странски?). Дали има терминолошки хаос или ние не гледаме различни врсти на странски инвестиции кај нас.
Што се на пример донациите кои преку најразлични фондации се слеваат во невладиниот сектор? Дали се тоа оние индиректните? И колкава е таа сума за последниве петнаесетина години од почетокот на плурализмот до денес?
Јас слободно и прв ќе плеснам сума! Се кладам на $1.000.000.000.
Да... Една милијарда долари во последниве 15 години или 66.666.666 долари годишно.
Распоредени стратешки секаде. Дадени да се потрошат на се.
И што е направено? Каде е МИЉАРДАТАААА!!! Циле, кажи нешто бе брат?
Милијардата е потрошена на се освем на економски проекти.
Потрошена е на автомобили и џипови; на канцеларии и станови; на ИТ и канцелариска опрема; на хонорари и патувања; на плати и трошоци, на факинг маркетинг анд консалтинг.
Се јаде и се пие веќе 15 години на туѓа сметка. Се живее како во најдобрите денови на Социјализмот и Самоуправувањето.
Само едно ме мачи? Секоја инвестиција ако е добра треба да се исплати и да покажи профит. Секој инвеститор си го бара профитот. Ако не оваа, тогаш следната година - сигурно. Ако не оваа деценија, следната...
Кој го плаќа или ќе го плаќа профитот од овие инвестиции?

3 comments:

Photo Volan said...

Vinetu

Ич не си скромен ... човече милијарда долари ...

Инаку над работната маса кај мене стои новчаница од еден милион долари (игледа како вистинска - многу добра фотокопија - двострана)... стои долго време ... ама никако да ми тргне ... :)

А јас сатално кога ке ја видам велам “... Сваког дана у сваком погледу све више напредујем ...“ ...

Хм, хм ... ова последново ке го разберат само постарите читатели на мојот блог - кој гледале еден постар филм со Штимац мислам дека беше ...“Сјећаш ли се Доли Бел“ ...

objavi said...

Абе Волан - Сакаш верувај, сакаш не, но размисли...
15-16 години по 50-60 милиони долари, по најразлични основи... Ако не се милијарда тогаш 700-800 милиони сигурно...

Драган Зајковски said...

Ваљда добро знаеш дека сите тие „душегрижници“ парите ќе си ги вратат на „овој“ или „оној“ начин.