Friday, December 08, 2006

БЛОГЕРАЈ

Како да пишувам и да бидам активен на Блогерајот, кога од пред 2-3 месеци, дечките од ww.blog.com.mk, почнаа да прават некои измени во сервисов, промовираа некои сигурносни глупости поради 2-3 неинформисани личности на кои некој му ја зел шифрата или му го хакирал блого (шо е ова па сега?) и мене лично ми предизвикаа еден куп проблеми.
Прво - треба да се логирам на некој си долг УРЛ, со незнам какви метании.
Второ - пишувам пост и тој пост нигде го нема. Ниту во нови постови, ниту пак ако некој ми коментира го има во нови коментари. Знам дека сега некој ќе ми речи дека нешто кирилица/латиница или не си го постирал како шо треба или што знам како. Се консултирав и со други блогери, никој не знае што е проблемот. Пишав и до ВебМастеро и тој даде некое кратко објаснување што не ми врши работа.
Трето - Почнав со АдСенс и моите постови почнав да ги постирам на блогер каде што наместив АдСенс, а на Блогерајот наш(ДА! сеуште го сваќам како мој) го ставав само првиот пасус. Можеби и тоа е една од причините за тажно/бедната поддршка што ВебМастеро ми ја даде.
Четврто - Си кажав мислење за се и сешто па и за ОнНет и веднаш повторно проблеми со логинот и со промоцијата на мојот блог...

Така да мое мислење е дека на блогов како сервис му треба еден малку појак тим да го одржува и секогаш да се бори за упростување на начинот на постирање како и на одржување. Иначе сметам дека е еден од најдобрите блог сервиси во светот. А вакви комплименти не давам лесно, така да очекувам да ме сватите дека сум искрен.

ХАУГ

3 comments:

gersanina said...

te razbiram, sosem si vo pravo...

Anonymous said...

Vinetu
Aj dojdi si doma. AJ.
Kako doma, nema nigde.

HAEMUS said...

Јас дури сега ти го читам постот. Благо кажано, поминав малку поголем пекол од тебе, ама знаеш како викаат...Суетата е гадна работа, а уште погадна е конкуренцијата. :)))

Инаку ај честито за блогов. Како си почнал, добар е. И постовите ме бендисуваат. А за неозбилноста на он њет...мислам дека е сулудо да се трошат зборови. Не е далеку денот која секој човек ќе има свој блог на некој од илјадниците сервиси по светот. Па така кога ќе се запознаваат, луѓето наместо сегашното - кој ти е мејлот - ќе викаат - кој ти е блогот? :D

Поздрав...се читаме :)

Милозвучна_солза